ДОМАШЕН ЛЕДЕН ЧАЈ: Без адитиви и шеќер, ќе биде совршено освежување за топлите летни денови!

Вреди да се проба:

Домашниот леден чај ќе биде вистинско освежување за топлите летни денови.

Кога би знаеле колку е едноставно и лесно да се направи леден чај, веруваме дека би уживале во текот на целата година. Класичната основа за ладен чај се обичните кесички чај бидејќи овозможуваат лесно избирање на вкусови, а најчесто се користи овошен, камилица, нане или зелен чај. Изладените домашни чаеви се вистинско освежување за топлите денови.

- Advertisement -

Состојки:

  • 6 кесички чај по вкус
  • 1,5 l вода
  • 2 лажици мед
  • 3 помали лимони
  • 1 портокал
  • 1 лажица свежо нане
  • мраз

Подготовка:

Ќесичките со чај прелијте ги со врела вода, а потоа додадете мед и мешајте додека медот не се растопи. Оставете го да отстои 10 минути, а потоа извадете ги кесичките и ставете во фрижидер да се излади.

Кога доволно ќе се олади, сипете го во голем бокал, по можност од стакло, а потоа додадете го сокот од два лимона, еден лимон исечен на кришки, нане и еден исечкан портокал. По желба додадете неколку кришки цитрон и сè убаво измешајте. За поголемо уживање, истурете го чајот во високи чаши со парчиња овошје и коцки мраз.

Пријатно!

Извор: Прашање на вкус

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!