ДОМАШЕН ЛЕБ ПОЛНЕТ СО СИРЕЊЕ: Меко тесто и крцкава кора – ќе заборавите на пекара кога ќе го пробате!

Вреди да се проба:

Реклама

Уживајте во домашен миризлив леб.

Ова е рецептот за највкусниот леб што некогаш ќе го направите. Полнет е со сирење и е толку мек што можете само него да го јадете. Подготовката не е комплицирана, само следете ги чекорите и ќе го добиете најдобриот домашен леб.

Реклама

Состојки:

  • 250 мл млеко
  • 1 коцка квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 800 гр брашно
  • 100 гр путер
  • 100 мл јогурт
  • 3 јајца
  • 300 гр сирење
  • 1 лажичка сол

Подготовка:

Во сад измешајте 200 грама брашно со квасецот, малку загреано млеко и шеќерот. Убаво промешајте и покријте 20 минути за малку да нарасне квасецот. Потоа додадете 60 грама растопен путер, јогурт, 2 јајца и сол. Додадете го преостанатото брашно. Замесете меко тесто. Покријте и оставете да отстои уште 20 минути.

Поделете го тестото на 4 дела. Секое парче виткајте го во тркалезна форма. Првиот дел премачкајте го со растопен путер и посипете со рендано сирење. Ставете уште една и повторно премачкајте со путер и посипете со рендано сирење.

Реклама

Го поставуваме третиот дел и продолжуваме како досега. На крајот го ставаме четвртиот дел. Откако ќе ги наредите сите парчиња едно врз друго, исечете ги на ленти широки по 2 прста.

Завиткајте ги и наредете ги во тавче намачкано со растопен путер. Покријте ја тавата и оставете го лебот да нарасне 20 минути. Се пече во загреана рерна на 180 ° C 45 минути.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -