Реклама
Совршено освежувачки компот за топлите денови.




Состојки:
- 3 кг кајсии
- 2 поголеми јаболка
- 1,5 кг праски
- 1 кг нектарини
- 2 поголеми портокали
- 3 лимони
- свежо нане
- шеќер




Подготовка:
Овошјето добро измијте го и исечкајте по желба. Потоа наредете во претходно стерилизирани тегли, додајте две лажици кристален шеќер во секоја тегла и истурете ладна вода. Повторувајте го процесот додека има материјал.
Реклама




Потоа ставете ги убаво затворените тегли во рерна 90 минути на 90 степени, а потоа исклучете ги и оставете ги преку ноќ.




Пред да го консумирате овој компот ставете ја теглата во фрижидер и изладете добро па послужете и разладете со оладеното овошје.
Реклама




Уживајте!