Наш предлог за денешниот ручек.




Состојки:
- 1 свински, чаден бут
- 1 кг компири
- 200 гр кајмак
- 3 лажици рен
- 3 лажици сенф
- Зачин по вкус
Подготовка:




Ставете го бутот во вода и варете додека убаво не се свари. Сварете ги малку компирите. Потоа извадете го бутот од водата и исечете го на парчиња. Варените компири исечкајте ги на подебели кришки, ставете ги во подлабок огноотпорен сад. Преку нив ставете сечкан бут.




Изматете ги кајмакот, сенфот и рен (сол и бибер, ако бутот не е солен), па прелијте го месото. Се пече во рерна на 200 степени околу 20 минути.




- Advertisement -
Пријатно!