Кафе со специјално масло – освежува, ве буди и ве ослободува од масни наслаги! Еве го рецептот!




Кафето претежно значи живот во текот на работната недела, а за време на викендите имаме време да експериментираме со нови рецепти и да го донесеме омилениот утрински пијалок до совршенство. Освен што не крева, кафето нема доволно хранливи својства за да се смета за квалитетен пијалок. Затоа е погодно малку да се збогати со супер состојки.




Кокосовото масло, покрај многу убави својства, има корисен ефект врз организмот одвнатре – го забрзува метаболизмот, го зајакнува имунитетот, го намалува крвниот притисок, а заситените масти обезбедуваат енергија и не се држат до колковите.




Состојки:
- 1 шолја црно кафе
- 1 лажичка сурово какао во прав
- 1 лажичка кокосово масло
- малку екстракт од ванила




Подготовка:
Направете јако кафе, онолку силно колку што сакате, а потоа измешајте го во мешалка со какао во прав, кокосово масло и екстракт од ванила, а потоа истурете ги сите состојки во чаша.




Ако сакате дополнителна димензија – замрзнете го кокосовото млеко претходната вечер во калап за мраз и ставете го во кафето.




Пријатно!