Дивото оригано е ефикасно во лекувањето на кандида и ешерихија коли, помага во спречување на вирусни заболувања, го зајакнува имунитетот, а одлично е и за уринарни и дигестивни проблеми.




Научниците утврдиле дека маслото од диво оригано е 337 пати посилно антиоксиданс од зелениот чај, 130 пати посилно од лимонот, 30 пати посилно од лукот, 4 пати посилно од боровинки, 12 пати посилно од портокалите и има 42 пати посилно дејство од состојките во јаболката.




Употреба и дозирање на масло од диво оригано:
Маслото од диво оригано треба да се користи 10 дена во еден месец, 3 x 2 капки на ден. Се консумира после оброк со разредување во лажичка малку масло за јадење (сончоглед, маслинка, кокос, ленено семе). Децата под три години не треба да го користат, ниту бремените жени.




Можете да го користите и со вдишување, со додавање на 1 капка масло од оригано во половина литар врела вода и рамномерно вдишување, со затворени очи, во мирување, десет минути. Вдишување на ова масло не се препорачува за деца помали од 10 години и чувствителни луѓе (со астма или алергии).
Локално, преку кожата, во случај на акни или габи, исто така разредете 30-50 капки масло од оригано во 100 мл масло за јадење и нанесувајте на кожата два пати на ден.




Тинктура од оригано: Помага при ешерихија коли и кандида, како и за респираторни инфекции.
Состојки:
- оригано
- мајчина душица
- алкохол (водка)
Подготовка:
Во стаклено шише ставете оригано и мајчина душица (до 45% од количината), а врз него прелијте со алкохол (остатокот од масата). Чувајте најмалку 7 дена на темно и ладно место, потоа процедете и земајте 5 капки наутро на празен стомак, 21 ден.




Чај од диво оригано против ешерихија коли
Состојки:
- 500 гр лисја или корени од бел слез
- 100 гр ливчиња од роза
- 100 гр цветови од диво оригано
- 100 гр сушени стебленца од цреша
- 500 мл вода
Подготовка:
Сите состојки првин се сушат, се соединуваат и се прави чај. Чајот се лади, се цеди, и се пие млак и не повеќе од два до три пати на ден.




Чај од диво оригано против инфекции на уринарниот тракт
Состојки:
- 100 гр цветови од диво оригано
- 100 гр уве чај
- 7 дцл вода
Подготовка:
Три лажици од смесата прелијте ги со врела вода, оставете да отстои половина час, процедете ја и пијте ја во мали голтки во текот на денот.




Бидејќи дивото оригано е докажан борец за зајакнување на имунитетот, треба редовно да се користи како превентивна мерка. Содржи бета-каротен, ниацин и бакар, манган, железо, калциум, витамин К, има огромен број на влакна и други органски соединенија кои се особено ефикасни за чистење и детоксикација на црниот дроб.




Маслото од оригано има антибактериско и антивирусно дејство, па затоа се препорачува и за чистење од паразити. Етеричното масло од диво оригано е важна помош во случаи на инфекции на грлото и устата, ја ублажува кашлицата и го зголемува имунолошкиот систем на организмот. Исто така, предноста на ова масло е што со неговата употреба бактериите не развиваат отпорност, како кога се користат обични антибиотици. Добар лек е за испукана кожа, осип, псоријаза, чешање, ги решава проблемите со акните, хигиената и негата на косата (првут, себореја, вошки), егзема и воспаление и болка во увото. Една од интересните работи е што оваа состојка ја спречува појавата на атлетско стапало.




Има и антитоксични својства. Може да помогне и во случај на каснувања, убоди, Лајмска болест (по отстранување на крлежи), проблеми со брадавиците, чирови од притисок, артритис, ревматизам, тендинитис, остеопороза. Антитоксичните својства се добри во случај на труење со храна, варење, гасови или дијареа. Чајот од диво оригано има силно антибактериско дејство и помага при ешерихија коли, стафилокок, салмонела и упорна кандида. Одличен е и за уринарни и дигестивни проблеми, нередовна менструација, метаболички нарушувања, недостаток на апетит, респираторни заболувања и грчеви во мускулите.