Децата ќе ја обожаваат, но и возрасните нема да останат рамнодушни: Омилениот кекс сега како фил за десерт – ПЛАЗМА ТОРТА

Вреди да се проба:

Реклама

Изненадете ги гостите со торта која не се пече, а сите ја сакаат.

СОСТОЈКИ:

За кора:

Реклама
  • 4 јајца
  • 4 лажички шеќер
  • 5 лажички брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво

За прелив на корите:

  • 200 мл. млеко
  • 2 лажички шеќер во прав
  • 1 ванилин шеќер

За фил:

Реклама
  • 500 мл слатка павлака
  • 300 гр. мелени плазма бисквити
  • 300 мл. млеко
  • 4 лажички шеќер во прав (или повеќе, по вкус)

За декорација:

  • 2 кесички шлаг
  • 250 мл. млеко

ПОДГОТОВКА:

Прво одвојте ги белките од жолчките. Ставете ги белките во сад и матете ги, по кратко време постепено додавајте го шеќерот со повремено матење. Кога ќе добиете убава пенеста структура додајте ги сите жолчки и продолжете со матење. Потоа истурете го брашното и прашокот за пециво и кратко матете.

Кога ќе ја изматите убаво смесата претурете ја смесата во калап со димензии 20х20 см, кој претходно е обложен со хартија за печење. Корите печете ги на 180°C околу 7-8 минути.

- Advertisement -

За преливот на кората, измешајте го млекото со шеќерот во прав и ванилиниот шеќер и матете ги со метална маталка. Готовата кора избоцкајте ја со виљушка по површината, а потоа прелијте ја кората со смесата од млеко и шеќер. Протресете го калапот малку, за ра се распореди убаво преливот и да ги облие краевите. Рабовите од кората одвојте ги од калапот и ставете ибложете ги краевите со фолија.

За филот, изматете ги слатката павлака и шеќерот во прав. Кога смесата ќе стане густа и цврста, тогаш додадете ги мелените плазма бисквити. Прво матете со миксер за да се сврзат убаво состојките, а потоа мешајте со шатула. Додајте го млекото и профолжете со мешање. Вака подготвениот фил истурете го врз кората.

Изматете го шлагот со млеко и истурете го врз колачот, премачкајте ја површината убави и израмнете.

Готовиот колач ставете го во фрижидер околу 10 минути, за да стегне. Можете да декорирате одозгора со рендана карамела или чоколада.

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -