Десерт за крај на работната недела: Направете ролат со џем!

Вреди да се проба:

Ролат со џем се прави брзо и лесно.

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 10 гр квасец
  • 1 лажичка шеќер, сол
  • кора од лимон
  • 100 мл млеко
  • 100 мл јогурт
  • џем
  • 150 гр мелени ореви
  • 1 јајце
  • 50 гр путер

Подготовка:

Ставете го квасецот во малку вода со шеќер, додадете млеко и јогурт, путер, јајце, брашно, кора од лимон и замесете мазно тесто. Тестото оставете го да одмори 30 минути.

- Advertisement -

Потоа тестото развијте го во кора тенка околу половина сантиметар, премачкајте ја целата со џем и посипете со ореви. Завиткајте во ролна и ставете ја во подмачкан плех. Покријте да се одмори 15 минути.

Потоа премачкајте со жолчка и печете 40-50 минути на 180 степени С. Откако ќе ја извадите покријте со крпа, а потоа исечете изладен ролат.

Уживајте!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!