Реклама
Се огласија гостите, а имате малку време, еве го решението за брз и едноставен десерт што ќе ги воодушеви. Дадените мерки се за четири лица.




Состојки:
- 4 мелени бисквити
- 250 гр крем сирење
- 1 ванилин шеќер
- 1 лажица течен засладувач
- рендана кора од лимон
- 1 грст цреши




Подготовка:
Истурете ги мелените бисквити во чаши. Измешајте го сирењето со шеќерот и засладувачот, а потоа додадете ја ренданата кора од лимон.
Реклама




Украсете сè со вишни. Ставете во фрижидер малку да се излади и десертот е готов.
Пријатен апетит!



