Десерт во чаша за зимските денови: Загрејте се со напиток од рум и цимет!

Вреди да се проба:

Реклама

Овој пијалок задолжително направете го и за гостите, тие ќе се воодушеват.

Кога ни доаѓаат пријатели на гости, ние обично им правиме кафе, но сега можете да им послужите нешто малку поинакво.

Реклама

Станува збор за пијалок кој повеќе потсетува на десерт во чаша, а можете да го наречете и топло чоколадо за возрасни, поради присуството на рум.

Еве како да го подготвите.

Реклама

Состојки:

  • 6 лажици несолен путер
  • 1 чаша кафеав шеќер
  • 1/4 чаша мед
  • 1 лажичка мелен цимет
  • 1/2 лажичка мелен ѓумбир
  • 1/4 лажичка мелено каранфилче
  • 1/4 лажичка мелено мускатно оревче
  • 2 чаши вода
  • 1 чаша рум
  • 1/4 лажичка екстракт од ванила
  • стапчиња цимет за декорација

Подготовка:

Во шерпа растопете го путерот на умерен оган, потоа додадете кафеав шеќер и мед, мешајте додека не се раствори шеќерот.

Потоа додадете зачини: цимет, ѓумбир, каранфилче и мускатно оревче и оставете на оган уште 5 минути. Време е да додадете вода за да зоврие содржината во тенџерето. Во меѓувреме, мешајте по потреба.

Кон крајот, кога смесата ќе се динста, тргнете ја шерпата од оган и додајте ги румот и екстрактот од ванила. Добро измешајте да добиете хомогена смеса.

- Advertisement -

Напитокот рамномерно поделете го на 4 чаши и послужете веднаш. Украсете со стапчиња цимет.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -