Два начина на конзервирање: Како да ја ставите БОРАНИЈАТА во тегли за да ја зачувате цела година!

Вреди да се проба:

Боранијата се користи доста често во нашата кујна. Во лето, кога боранијата е вообичаена во дворовите и градините и пазарите, лесно е да се подготви, но во зима е тешка задача, бидејќи едноставно ја нема.

Зачувување на боранија е лесно. Постојат два многу едноставни начини да се подготви.

- Advertisement -

Состојки:

  • боранија
  • сол
  • кромид
  • морков
  • црвен пипер
  • 3-4 чешниња лук
  • вода

Подготовка:

  • Во првиот случај, боранијата се чисти од врвови и стебленца. Бланширајте ја во врела, солена вода. Потоа наполнете ги теглите со боранија и на крај додадете малку вода во која е бланширана. Затворете ја теглата и ставете ја во тенџере за готвење. Откако ќе зоврие водата, измерете 30 минути и извадете ги теглите од оган. Оставете да се излади и имате спремна боранија во тегла.
  • Друг начин за складирање на боранија во тегли е исто така многу едноставен. Боранијата повторно се чисти од стебленца и врвови. Секоја мешунка се сече на 2 или 3 парчиња во зависност од должината. Ставете ја веќе исецканата боранија да се зготви во малку врела вода. Додадете исечен кромид, морков, црвен пипер и неколку чешниња лук и подгответе спремна прженица од боранија. Кога ќе завршите, наполнете ги теглите и затворете ги. Варете ги теглите со боранија уште 30 минути.
  • Вака подготвената боранија е подготвена за брза вечера. Само отворете ја теглата, истурете ја во шерпа со малку повеќе вода и испржете ја на традиционален начин и вечерата е подготвена. Боранија во тегли може да се користи и за класични јадења како што се боранија со свинско месо, печена боранија, боранија со компири.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!