Слатките пуканки се полн погодок! Досега веројатно сте пробале пуканки со разни додатоци, путер, лути пиперки, пилешки зачини или многу други солени додатоци за вашите омилени закуски.




Сепак, дали досега сте пробале пуканки со слатко чоколадо, што е целосно ново искуство!? Иако може да изгледа невообичаено, овој метод на подготовка работи совршено.
Состојки:
- 1,5 шолја шеќер
- 1 ванила
- 1/2 шолја путер
- 3 големи лажици какао
- 2 лажици млеко
- 100 гр пуканки
Подготовка:




Во друг сад ставете шеќер, ванила, 3 лажици какао, пола шолја путер и две лажици млеко и добро измешајте ги сите состојки.




Потоа оваа смеса ставете ја на оган на средна температура додека не зоврие. После тоа целата смеса прелијте ја преку пуканките. Се добро измешајте така што пуканките ќе бидат целосно покриени со чоколада. Оставете да се изладат половина час и спремни се за јадење.
Пријатно!