Трикови кои ќе ви помогнат ако се излутите.




Сигурно ви се случило еднаш кога готвите, кога користите лути пиперки, да го допрете лицето или да претерате со зачинот во садот и да се излутите. Кога сакате да направите луто јадење, заштитете се со ракавици или едноставно измијте ги пиперките пред употреба.




Доколку сепак јадете премногу зачинета храна, ни случајно не земајте вода, бидејќи тоа само ќе го зголеми ефектот, туку изедете половина домат или испијте чаша млеко или сладолед.
Можете да чувате вода во устата додека лутото не помине, но не ја голтајте.




Ако се излутите, помага и јадењето леб, варен компир или варен ориз.
Овие производи го апсорбираат капсаицинот кој се наоѓа во лутите пиперки и е причината да се излутите. Кај лицата со алергии, ако лутите пиперки паднат на слузокожата, тоа може да предизвика шок.




За луѓето кои не се алергични, може да помогне и традиционалниот индиски пијалок ласи, кој се подготвува од вода, мраз и кисело млеко. За да го направите овој напиток, потребно е да ги измешате сите три состојки во ист сразмер.




Заборавивте и случајно сте ги допреле очите или лицето со раце, а претходно сте исечкале лути пиперки!?
Доколку се излутите на очите, исплакнете ги очите со свежо млеко или употребете чај од камилица. Не мијте ги рацете со сапун, туку тријте ги со лимон или раствор од оцет и вода или оцет и кисело млеко.