ГУРМАНСКА САЛАТА СО ПРАЗ И СУВО МЕСО: Брзо се приготвува, а ако додадете тестенини на неа, ќе имате цел ручек!

Вреди да се проба:

Реклама

Екстремно кремаста салата со праз и суво месо.

Оваа салата особено ќе ги воодушеви вистинските гурмани. Ако ви здосади руската салата, еве начин како да го задоволите вашето семејство со подеднакво кремаста закуска. Можете да го користите и како сос за тестенини, или да послужите како класично предјадење. За што и да се одлучите, сигурно ќе ве воодушеви.

Реклама

Состојки:

  • 2 стапчиња праз
  • 200 гр суво месо
  • 200 гр сирење
  • 1 чаша кисела павлака
  • 200 гр крем сирење
  • 200 гр мајонез
  • сол, бибер
  • зачин

Подготовка:

Исечете го празот на тенки прстени или ленти, ставете го во поголем сад и посолете. На празот додадете го ситно исецканото суво месо, а потоа изрендајте го сирењето на ситно ренде.

Додадете павлака, мајонез и крем сирење и сето убаво измешајте убаво да се соедини. Додадете бибер по вкус и повеќе сол ако е потребно. Оставете убаво да се излади, а одозгора ситно исечкајте го зачинот пред послужување, по желба.

Реклама

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -