Гурманска салата со модар патлиџан, лук и магдонос – Една од најомилените!

Вреди да се проба:

Реклама

Салатата со модар патлиџан е една исклучително гурманска закуска а зсите што го обожаваат модриот патлиџан во било кој облик.

Оваа салата е една од најомилените, а воедно е многу е здрава, има одличен вкус и многу привлечен мирис.

Реклама

Наесен може да се се закисели и да се приготви за зимница така што ќе се исече на коцки или тркалца, па после кратко обарување во солило, се вадат и се редат во тегла.

Се става ред модар патлиџан, ред сечкан лук, по желба сечкан магдонос и масло. На овој начин се реди се додека да се исполни теглата. Многу вкусна салата која може долго да стои. Се послужува како прилог со некое месо, а може и така да се јаде, навистина е одлична.

Реклама

Но оваа салата може да ја приготвите во секое време, дури и кога имате свеж модар патлиџан при рака. Може да се испече во рерна или на скара, а потоа да се зачини. Може да се искомбинира со домат исечкан на коцки, пиперка, лук…

Потребни состојки:

  • 2 модри патлиџани,
  • 3 чешниња лук,
  • 1 кетка магдонос,
  • 50 мл маслиново масло,
  • малку оцет,
  • сол по вкус.

Постапка:

Патлиџаните измијте ги и излупете ги наизменично. Исечете ги на кругови со дебелина од 1 см. Посолете ги и добро измешајте ги. Секој круг со помош на силиконска четка премачкајте го со малку масло од двете страни.

Наредете ги круговите во плех обложен со хартија и ставете ги да се печат во загреана рерна на умерена температура додека убаво да заруменат.

- Advertisement -

Во меѓувреме ситно исечкајте го магдоносот, лукчето и помешајте со маслиново масло. Додадете малку оцет по вкус и зачинете со малку сол. Убаво промешајте и оставете да отстои за да се соединат вкусовите.

Земете еден сад и во него ставете околу три лажици од мешавината со масло и магдонос. Потоа редете ред печени кругови од модар патлиџан, па ред од мешавина за премачкување, и сè така додека да ви се потроши материјалот. Салатата добро изладете ја, па послужете ја.

Во стаклен сад може да се чува во фрижидер до три дена. Се служи со печено месо, а за сите оние кои се на лесна исхрана, може да послужи и како оброк.

На здравје!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -