Гурманска плескавица: Богат ручек за љубителите на месо!

Вреди да се проба:

Направете богат и вкусен ручек, гурманска плескавица.

Состојки:

  • 800 гр мелено месо
  • 1 лажица сув зачин
  • 1 лажица сол
  • половина лажичка лук во гранули
  • 1 лажичка кромид во гранули
  • 1 лажичка бибер
  • 1 лажица сушен магдонос
  • 100 мл вода
  • 2 лажици масло
  • 100 гр сланина
  • 100 гр тврдо сирење

Подготовка:

Додадете ги сите зачини на меленото месо и добро измешајте. Додадете вода и масло, измешајте повторно.

- Advertisement -

Ситно исецкајте ја сланината и сирењето и додадете го месото, измешајте и оставете го во фрижидер 30 минути. По 30 минути, формирајте топчиња по ваша желба за големината која ја сакате.

Потоа ставете ги во проѕирна фолија и притиснете ги топчињата за да формирате плескавици. Печете ги на средна до висока топлина. Најубавиот вкус го дава скарата но можете и на шпорет. Како гарнир предлагаме рижото или печен компир.

На здравје!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!