Гурманска пита со месо, прелиена со пиво: Ручек што нема да се заборави!

Вреди да се проба:

Реклама

Замислете пита полна со месо, а сепак крцкава – тоа е чисто уживање во вкусовите.

Состојки:

  • 1 кромид
  • 500 гр мелено месо
  • 500 гр кора од пита
  • 4 јајца
  • 200 мл павлака
  • 250 мл пиво
  • 100 гр сирење
  • 100 гр кајмак
  • 50 мл масло
  • сол и бибер
  • сушена пиперка.

Подготовка:

Пропржете го кромидот, па додадете го месото. Така пржете 15 минути. Додадете сол, бибер и пушена пиперка. Додадете го и сирењето.

Реклама

Корите се редат во подмачкана тава. Три кори, и помеѓу секоја масло, потоа фил, па повторно три кори и фил, па уште еднаш три кори плус фил. На крај, завршете со три кори.

Исечете ја питата на коцки и прелијте ја со мешавина од павлака, јајца, пиво и сол. На секое парче додадете малку кајмак. Печете на 200 степени 35 минути или додека не поруменат.

Реклама

На здравје!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -