Реклама
Доколку барате идеја за денешниот ручек, еве решение!
3




Состојки:
- 500 гр. шампињони
- 2 главици кромид
- 1 морков
- 1 чешне лук
- 1 пиперка бабура
- масло по потреба
- сув зачин по вкус
- сол по вкус
- црн бибер по вкус
- магдонос по желба
- 1 децилитар домати пелати или 2 лажички доматно пире




Начин на подготовка:
Исечкајте го кромидот и пиперката на ситно. Морковот изрендајте го и ставете да се динста на малку масло заедно со исечканиот кромид и пиперка. Додадете го сувиот зачин. Оставете да се динста околу 15тина минути.
Реклама




Додека се динстаат состојките во друг сад ставете шампињони сечени на крупни кругови со сол и бибер со малку масло. Оставете да крчкаат. Шампињоните сами ќе пуштат вода и за околу 20 минути ќе бидат готови.




Кога ќе омекне кромидот, пиперката и морковот, додадете го лукчето. Кога се заедно ќе се соедини додадете ги доматите и оставете да крчка уште 5 минути, а потоа тргнете го од оган.
Реклама
Посниот гулаш послужете го со варен ориз.




Добар апетит!