Гулашот на баба, експлозија на вкусови: Фантастично домашно јадење кое веднаш ќе го обожавате!

Вреди да се проба:

Ако сте љубител на варени јадења, особено гулаш – еве еден убав гулаш по начин на нашите баби.

Состојки:

  • 300 гр свинско месо
  • 300 гр пилешко дробче
  • 300 гр кромид
  • 2 свежи пиперки
  • малку лута мелена пиперка
  • малку  слатка пиперка
  • 1 морков поголем
  • 1 домат (може и конзервирани домати)
  • 2 чешниња лук
  • 3-4 ловорови лисја
  • масло
  • сол
  • бибер
  • лист од магдонос

Подготовка:

На масло пропржете ситно сецкан кромид, додадете исецкан морков и бибер и сол и сето заедно го пржете (вкупно околу 30 минути). Додадете месо исецкано на коцки и ловоров лист.

- Advertisement -

Потоа додадете малку вода и оставете да врие околу 20 минути. Додадете го пилешкиот црн дроб и продолжете да крчкате додека месото не омекне. Додадете ги доматот и лукот и оставете ги да се крчкаат.

Потоа додадете сол, бибер, една лажичка слатка мелена пиперка и малку лута мелена пиперка. На крај додадете го сечканиот магдонос и веднаш исклучете го.
Служете варени тестенини или кнедли како гарнир.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!