Гужвана пита со сирење: Брз и интересен начин да направите пита со готови кори!

Вреди да се проба:

Реклама

Постојат многу начини за редење на питата со сирење од готови кори. Еве уште еден начин кој толку е едноставен, брз и многу интересен, што отсега само вака ќе ја приготвувате вашата омилена пита.

Потребни состојки:

  • 500 г готови кори за пита,
  • 500 г кравјо сирење,
  • 4 јајца,
  • 50 мл масло,
  • 100 мл јогурт,
  • 100 мл газирана вода,
  • половина кесичка прашок за печиво (6 г).

Подготовка:

Ова пакување од половина килограм кори содржи вкупно дваесет еднакви парчиња, ни премногу тенки, ни премногу дебели кори. Се добиваат вкупно пет ролати со по четири кори.

Реклама

Во подлабок сад за матење пенасто изматете четири јајца со помош на маталка. Потоа додадете половина килограм ситно кравјо сирење, 50 мл. масло, 100 мл. јогурт, 100 гр. газирана минерална вода и половина кесичка прашок за печиво.

Добро соединете ги состојките за да добиете хомогена смеса. Потоа отворете ги корите и пребројте ги, па поделете ги на купчиња со по 4 кори за еден ролат. Отворете една кора и рамномерно филувајте ја со неколку лажици од приготвениот фил.

Реклама

Потоа земете една кора и грубо изгужвајте ја меѓу рацете, да добиете еден вид на топка – како расцветана ружа. Навистина не треба да се грижите за обликот на “топката” од кора, само нека биде воздушеста. Ставете ја на едниот агол од филуваната кора.

Земете втора кора и на истиот начин згужвајте ја, па поставете ја до првата „топка” од гужвана кора. Продолжете ја постапката и со третата кора за да го покриете целиот ред од базната кора. Одозгора рамномерно нанесете по малку од филот, врз секоја од гужваните „топки”.

А потоа внимателно започнете го виткањето на кората во голем дебел ролат. вака приготвениот ролат ставете го во плехот од рерна претходно добро намастен со масло, маст или путер. Постапката продолжете ја и со останатите кори додека да го исполните плехот.

- Advertisement -

Одозгора премачкајте ги со преостанатиот фил. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу половина час или додека убаво да зарумени. Кога е печена, извадете ја и по неколку минути можете да ја послужите.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -