Го регулира крвниот притисок, добар за инсулинот: Ароматичен сируп од ЛИСТ од СМОКВА!

Вреди да се проба:

Реклама

Ароматичен сируп со голем број корисни својства, кој лесно може да се подготви дома.

Лисјата од смоква се богати со калциум и калиум, како и антиоксиданти, што помага во регулирање на крвниот притисок. Бидејќи лисјата се богати со растителни влакна, сите оние кои сакаат да изгубат тежина, можат да консумираат чај од лисја од смоква истурена врз топла вода секој ден. Чајот добро влијае на нивото на инсулин, добар е за ентероколитис, колитис и дизентерија.

Реклама

Состојки:

  • 35 парчиња листови од смоква
  • 1,3 л вода
  • 1 кг шеќер
  • 1 лимонска киселина – 1 лажиче

Подготовка:

Измијте ги убаво свежо набраните лисја од смоква, па ставете ги во тенџере за готвење. Истурете вода, оставете да зоврие, а потоа покријте, намалете ја топлината и варете 20 минути. Внимавајте капакот да не се отвори премногу, за да не испари многу течност.

После тоа време, тргнете го од оган и оставете го да се излади целосно (не отстранувајте ги лисјата). Отако ќе се излади течноста заедно со лисјата тогаш исцедете ја изладената течност, исцедете ги листовите добро, а потоа додадете шеќер во течноста, вратете се на оган и варете околу 20 минути, додека шеќерот не се раствори. 2-3 минути пред крајот на готвењето ставете лимонтус.

Реклама

Истурете го подготвениот топол сируп во топли, стерилизирани шишиња и добро запечатете. Завиткајте во кујнска салфетка и оставете да се излади. Послужете го сирупот разреден со разладена минерална газирана вода, со додавање на лимон и мраз.

Од оваа количина на материјал излегува малку повеќе од 1 литар сируп.

На здравје!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -