Домашните чипсови од сирење се едни од оние генијално едноставни јадења за кои не е потребен многу труд или состојки, а најголемиот проблем во целата приказна е како да застанеме откако ќе почнеме да јадеме.




Освен што се идеална закуска со пијалок, чипсот од сирење е фантастичен додаток на супи, особено кремасти зимски кои му даваат поголем вкус, како и јадења на кои сакате да им дадете малку крцкава текстура.




Состојки:
- 1 чаша рендан пармезан
- 1 чаша рендан кашкавал/гауда
- 1/2 лажиче чили
- 1 лажиче пиперче
Подготовка:




Измешајте ги состојките убаво заедно и на плех обложен со хартија за печење или силиконски плех, наредете тенки слоеви рендано сирење во кругови и посипете го со зачини.




Печете во рерна на 200 Целзиусови степени околу 5 минути, или додека не се стопи и испече сирењето. Извадете од рерна и оставете да се олади, а потоа одделете ги чипсовите од основата.




Може да го пржите чипсот и во тава без масло.




За подготовка може да се користат сирења како пармезан, чедар, моцарела, како и нивната комбинација, омилени зачини и семиња. Гранули од лук, магдонос, куркума, оригано, мајчина душица, како и сецкан млад кромид или некои од омилените додатоци, како семе од сусам, семки од тиква.
Пријатно!