Готово за 30 минути: Домашни ЧАЈНИ КОЛАЧИЊА со путер што се топат во уста!

Вреди да се проба:

Реклама

Ова се фини и крцкави колачи кои се топат во устата, а кои обично може да се купат во метални кутии во продавниците. Овој е познат рецепт од Данска каде се прават оригиналните колачиња.

Состојки:

  • 250 гра брашно
  • 200 гр путер
  • 170 гр шеќер
  • 75 гр бадемово брашно
  • 1 големо јајце
  • 1 лажица кора од лимон
  • 1 лажичка екстракт од ванила

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Користете миксер, разматете го омекнатиот путерот со шеќерот додека не добиете кремаста смеса. Додадете јајце, ситно рендана кора од лимон и екстракт од ванила.

Реклама

Во смесата додадете бадемово и обично брашно и измешајте се добро. Можете исто така да направите брашно од бадем ако ги смелете овие јадки во ситен прашок во мелница.

Пренесете ја смесата во шприц за колачи, а потоа во плех со хартија за печење ставајте со шприцот меки прстени од тесто со дијаметар од околу 4 сантиметри. Бидете сигурни да оставите простор на секоја страна од бисквитот.

Реклама

Печете ги бисквитите вака подготвени десетина минути, односно додека не поруменат. Ставете ги во фрижидер пред сервирање.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -