Готвач од кралското семејство открива: Омилен рецепт за колач на Кејт Мидлтон!

Вреди да се проба:

Реклама

Иако има совршена фигура и се грижи за својата диета, војвотката од Кембриџ не може да одолее на овој рецепт. Станува збор за традиционален британски десерт „Леплив пудинг од карамела“, но треба да се истакне дека зборот не значи исто во Англија како и кај нас. Имено, станува збор за чоколаден десерт, кој се прави со урми, а преку него оди богат прелив од карамела.

Состојки:

  • 6 урми без семки исечени на осум парчиња
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 шолја врела вода
  • 60 гр путер
  • 170 гр шеќер
  • 225 гр црно чоколадо
  • 1 јајце
  • 230 гр брашно
  • 1 лажичка екстракт од ванила

Прелив:

Реклама
  • 1/2 чаша кафеав шеќер
  • 1 чаша путер
  • 1/2 чаша слатка павлака

Подготовка:

Подгответе го преливот со мешање кафеав шеќер, путер и слатка павлака. Гответе на средна топлина, мешајќи постојано додека се не се комбинира и шеќерот не се карамелизира. Поделете го преливот на два дела, а потоа истурете еден дел на дното на садот во кој ќе го испечете колачот и оставете го да се излади.

Истурете топла вода врз исецканите урми, додадете сода бикарбона, измешајте добро и оставете да отстои додека не се излади. Овој чекор можете да го направите еден ден однапред.

Реклама

Во посебен сад изматете ги шеќерот и путерот со миксер, па додадете ги јајцето и ванилата и измешајте уште малку. Измешајте го брашното со прашокот за пециво, па додадете го во изматената смеса и измешајте се. Додадете ја смесата од урми и истурете го добиеното тесто во садот кој претходно го подготвивте за печење.

Покријте го плехот со хартија за печење или фолија. Печете на 180 степени околу 30 минути.

Кога ќе се испече, извадете парче колач со лажица и сервирајте на чинија. Посипете го со претходно подготвениот прелив. Ако сакате, можете да додадете шлаг и малку свежо овошје.

- Advertisement -

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -