Реклама
Прекрасен вкус на кокос и бело чоколадо, а изгледот е само за паметење!




Состојки:
- 100 мл слатка павлака
- 200 гр бело чоколадо
- 25 гр маргарин
- 100 гр кокос




Подготовка:
Загрејте ја слатката павлака до вриење, а потоа додадете бело чоколадо и маргарин. Мешајте додека не се стопи. Добро изладете, па изматете со миксер.
Реклама




Одделете малку мешавина за полнење на гнездото. Додадете кокос и комбинирајте (не со миксер, рачно комбинирајте ја масата). Направете топчиња, притиснете малку на средина и направете гнезда. Наполнете ги со преостанатиот фил како на сликата.




Уживајте!