Реклама
Подгответе вкусно, брзо и лесно јадење!




Состојки:
- 1 кг пилешко месо (копан, пилешки гради)
- 1 лажица вегета
- 7 лажици масло
- 6 јајца
- 150 гр пченично остро брашно
- ½ лажичка сол
- 500 – 600 мл млеко




Подготовка:
Одделете го пилешкото од коските, исечете го на помали парчиња и посипете го со вегета. Запржете го месото на 3 лажици загреано масло од сите страни десет минути.
Реклама




Измешајте јајца со брашно, сол, млеко и оставете ја смесата да отстои 10-15 минути.




Ставете го преостанатото масло во огноотпорен сад или тава и загрејте го. Истурете третина од подготвената мешавина од јајца и брашно во топлото масло. Одозгора наредете го печеното месо, и прелијте го месото со преостанатата мешавина од јајца, брашно и млеко.
Реклама




Печете во рерна загреана на 210 степени C 20-30 минути. Оладете малку, исечкајте го на коцки поголеми јадењето и послужете со салата. Може да истурите павлака или кајмак одозгора.
Добар апетит!