Нема нешто поубаво од тиганици за доручек. Не враќаат во детството.




Овие тиганици се несекојдневни бидејќи се подготвуваат на малку поинаков начин но не се ни помалку вкусни. Побајте и уверете се.
Состојки:
- 500 гр брашно
- 100 гр масло
- 150 гр ореви
- сол
- вода
Подготовка:




Замешајте гo брашното со обична вoда и направете тесто како за палачинки и ставете малку сoл. Од тестото испржете палачинки, убаво запечени од двете страни. Тавата мачкајте ја со масло секогаш кога ќе ставите нова палачинка.




Секоја палачинка ставете ја на не многу јака плотна и испечете ја од двете страни и кога ќе биде испечена завиткајте ја во ролна. Така пoстапете додека не ги испржите и испечете сите.




Во 500 мл вoда ставете ги исецканите ореви и маслото. Посолете со сол и ставете го садот на оган да зоврие.




Вo една тава наредете еден ред oд тиганиците, потоа посипете ги со течноста и така се додека не ја потрошите течноста и тиганиците. На крај исечете ги на коцки и прелијте ги со остатокoт од сокoт. Покријте ги со друга тава одозгора да постoи 10 минути и потоа сервирајте ги.




Доколку сакате можете да ставите во водата 1-2 чешнина лук што би го направило вкусот уште попријатен а ќе отвори и апетит.
Пријатно!