СОМУН лепче без квасец, готово за 15 минути: Едноставно и брзо за подготвување…

Вреди да се проба:

Реклама

Подгответе вкусен сомун без квасец за само 15 минуто. Се прирпема брзо и едноставно, а најдоброто од се е што не мора да се остава тестото да нарасне. Уште подобро е што рецептот подолу е само од две состојки, грчки јогурт и готово брашно за нараснување.

За подготовка на овој сомун не ви треба квасец, а ќе го подготвите за само 15 миниути. Потребно ви е грчки јогурт и брашно мешавина со прашок за пециво (т.н. “self rising” flour). Доколку неможете да го купите готово брашното, тогаш подгответе го во домашни услови. На секоја шолја брашно ќе додавате по 1,5 лажичка прашок за пециво и 1/4 лажичка сол. Притоа можете да користите пченично бело брашно или пак р’жано. Вкусот на сомунот останува подеднакво добар.

Реклама

Состојки:

  • 400 гр. грчки јогурт
  • 400 гр. готово брашно за нараснување

Подготовка:

Измешајте грчки јогурт и брашно, во однос 1:1. Најлесно е ако како мера ја користите празната чашка од грчки јогурт, односно откако ќе го истурите јогуртот во садот за мешање, додадете брашно со истата чашка, иста количина. Замесете го тестото и сукајте го на површина посипана со брашно. Месете го тестото се до посакуваната густина и големина.

Сомунот ставете го во тава за печење, на оган со средна температура. Во тавата претходно ставете малку масло и така печете се додека не добие убава златно-кафеава боја. Превртувајте го и печете го од двете страни околу 3 минути. Доколку сакате убава крцкава коричка може да ставите малку повеќе масло во тавата за печење.

Реклама

Печениот сомун може да биде како замена за леб, се јаде со сирење или некој намаз, со хумус или пак да го користите за правење на гиро.

Ако сакате повеќе слатка верзија можете да додадете шеќер и цимет и да го потпечете додека шеќерот не се растопи.

Пријатен апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -