За да го подготвите овој феноменален ручек, ви треба само малку време и трпеливост за да го исецкате зеленчукот.
Состојки:
- 500 гр пилешко бело месо
- 10 тина поголеми домати
- 1 чешне лук
- 2 тиквички
- еден грст нане
- 1 лажичка сос Ворсчестер
- сок од половина лимон
- домати поголеми
Подготовка:
Исечете го доматот од горната страна, исчистете го од семето со лажица, додајте сол и оставете го настрана да се исцеди половина час.
Излупете ги тиквичките, изрендајте ги и оставете да се исцедат и тие. Пилешкото исечете го на поситни парчиња па пржете го во тава на масло 5 минути. Додадете, лук, сок од лимон, сос Ворсчестер, сол и бибер. Промешајте и пржете уште 5 минути.
Извадете го месото и оставете го настрана, и ставете ги тиквичките да се крчкаат во истата тава 10 минути. Додадете малку вода ако е потребно.
Пренесете го месото и тиквичките заедно во тавата и соединете ги за да добиете еднаква смеса. Загрејте ја рерната на 180 степени. Наполнете ги доматите со полнење пилешко и тиквички зачинети со зачини и наредете ги во огноотпорен сад.
Печете околу 30 минути, а потоа извадете го јадењето и оставете го да се олади. Измијте го нането, исушете го и исечкајте го. Посипете ги врз полнетите домати.
Добар апетит!