Реклама
Не само што е вкусно, туку и го чува вашиот имунитет. Пробајте и уверете се.




Состојки:
- 1/2 главица лук
- сол по вкус
- 5 лажици масло
- 3 лажици оцет
- 50 мл млака вода
- 2-3 мали лути печени пиперки
- магдонос по желба
- 200 мл кисела павлака




Подготовка:
Лукот исчистете и измијте го. Ставете го во дрвен сад за мешање (аван), а можеби и во блендер. Додадете сол. Блендирајте го додека не добиете мазна смеса како мајонез (може да потрае малку подолго, но тајната е во долгото мешање).
Реклама




Додадете масло и промешајте за да се изедначи. Постепено додавајте оцет и измешајте се. Потоа додадете млака вода и добро промешајте. Додадете лута пиперка и ситно сецкан магдонос.
На крај додадете ја павлаката а може и кисело млеко и добро измешајте. Користете го намазот како додаток во јадењето.
Реклама




Можете да ги зголемите или намалите состојките, во зависност од вкусот.
Чувајте го во фрижидер.
Пријатно!