Лесно и брзо се подготвуваат, вкусот ќе ве воодушеви.




Состојки:
- 220 грама путер
- Чаша кафеав шеќер
- Половина чаша бел шеќер
- Две лажички екстракт од ванила
- Две јајца
- Две чаши брашно
- Половина лажичка сода бикарбона
- ¼ лажичка сол
- Чаша сецкани ореви
За фил:
- 220 грама путер
- Три чаши шеќер во прав
- Три лажици јаворов сируп
- 1/3 чаша слатка павлака
- Чаша ореви
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени и обложете го плехот со хартија за печење.




Во голем сад изматете ги путерот и шеќерот за да се изедначи смесата. Додадете екстракт од ванила и јајца, потоа повторно изматете се, потоа додадете брашно, сода бикарбона и сол. Додадете исечкани ореви во смесата и оставете ја смесата да отстои околу 20-30 минути.




Потоа, со лажица за сладолед, извадете ја смесата во топчиња и ставете ги во подготвениот плех и печете ги колачињата 10-12 минути, а потоа оставете ги да се изладат.




Во меѓувреме, подгответе го намазот.
Изматете го путерот да биде кремаст, потоа додадете шеќер во прав и изматете се заедно, потоа додадете јаворов сируп и слатка павлака и изматете уште малку.




Премачкајте ги колачињата со намаз и декорирајте со половина орев.
Пријатно!