Вкусно деликатесно јадење кое е одличен избор за фамилијарен ручек.
Состојки:
- 1 кисела зелка (средна големина)
- 500 гр мелено свинско месо
- 1лажица црн бибер
- 200 гр зејтин
- 3 главици кромид
- 2 парчиња праз
- 200гр. ориз
- 1 лажица црвен пипер
- 3супени лажици мешан зачин
- 1 литар топла вода
- 5 големи суви пиперки
- 2 ливчиња ловоров лист
- 3 парчиња пушена сланина
Подготовка:
Во загреано масло се пржи ситно сецкан кромид и праз. Откако ќе омекнат добро, се додава меленото месо и миениот ориз. Се пропржува додека месото не зарумени. Се зачинува со мешан зачин и на крај се додава црвениот пипер.
Смесата се трга од оган. Во земјена тава се реди дел од преходно исецканата кисела зелка. Врз него се филува дел од смесата која ја приготвивме со месото, потоа ги додаваме ситно сецканите суви пиперки кои претходно се малку се потпекуваат на оган.
Постапката се повторува се додека има фил и зелка. На крајот се додава ловоров лист и се полева со вода. Се попрскува со масло и врз тавата се редат парчиња пушена сланина.
Тавата се става да се пече на температура од 150 степени целзиусови, околу 60 минути. На здравје зимскиот ручек.
На здравје!!!