Вкусна кремаста салата која можете да ја послужите за Нова Година и Божиќ!

Вреди да се проба:

Реклама

Оваа кремаста салата ќе ја разубави секоја трпеза, без разлика дали е Нова Година или празник.

Рецепт за салата со пилешко, компири, кисели краставички и кисели печурки.

Реклама

Состојки:

  • 300 гр кисели печурки
  • 400 гр варени пилешки гради
  • 1 варен морков
  • 4-5 варени компири
  • праз или зелен кромид
  • 100 гр кисели краставички
  • 200 гр кашкавал
  • мајонез по вкус
  • сол, бибер
  • свеж магдонос
  • свеж зачин копар

Подготовка:

Пилешкото исечкајте го на коцки, како и киселите краставички и кромидот. Калапот со пречник од 22 цм покријте го со проѕирна фолија за да штрчи од страна, наредете ги печурките со главата надолу. Во шуплината помеѓу печурките ставете ги листовите свеж магдонос. Над печурките ставете го сечканиот праз. Остатокот од магдоносот исечкајте го и ставете го преку празот, па малку потапкајте со рацете.

Потоа прелијте со мајонез, па изрендајте го кашкавалот, повторно ред мајонез, па изрендан морков. Додадете сол и бибер, а потоа додадете го пилешкото. Потапкајте малку, повторно ред мајонез, па ред кисели краставички.

Реклама

Компирите изрендајте ги крупно, додадете малку мајонез, ситно сечканиот копар и сол и бибер. Промешајте и ова е последниот слој од оваа салата. Покријте со преостанатата фолија и ставете го во фрижидер преку ноќ. Потоа извадете ја фолијата одозгора, превртете ја салатата со чинија и извадете го калапот и остатокот од фолијата.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -