Реклама
Направете здрава и вкусна чорба од леќа на едноставен начин.




Состојки: ( за 8 порции)
- 1 чајна чаша леќа
- 10 чајни чаши вода
- 2 моркови
- 1 главица кромид
- 3 чешниња лук
- 1 лажица брашно
- 3 супени лажици масло
- 1 лажица црвен пиперка
- 1 лажица суви зачини
- сол
- 8 гранчиња магдонос




Подготовка:
Леќата (1 чаша) се мие и се прелива со вода (10 чаши) и се става во длабок тенџере.
Реклама




Оставете да зоврие, заедно со ситно сецкано лукче (3 чешниња), кромид (1 глава) и моркови (2 парчиња). Откако ќе омекне, додадете сол и сув зачин (1 лажица).




Во мала тава, кратко пропржете го брашното (1 лажица), заедно со маслото (3 лажици) и црвениот пипер (1 лажица). Добиената смеса се додава во леќата и се промешува.
Реклама
Оставете неколку минути на шпорет додека не се згусне. На крај, кога ќе биде готова чорбата од леќа, додадете го ситно сечканиот магдонос (8 гранчиња).




На здравје!