Вкусна зелка: Традиционално јадење што ги загрева телото и душата!

Вреди да се проба:

Реклама

Зелка скоро секогаш се готви со добро парче меко говедско месо. Овие две работи не се одделени. Ако е подготвено на традиционален начин, нема човек на кој не му се допаѓа јадењето .

Состојки:

  • 1 голема глава свежа зелка
  • 1 главица кромид
  • 2 моркови
  • 1 домат
  • 1 пашканат
  • 300 гр говедско месо
  • 1 лажица масло
  • малку сол
  • бибер
  • црвен пипер

Подготовка:

Издинстајте кромид, морков и пашканат, а потоа додадете говедско месо на коцки. После 15 минути додадете зелка и домат на коцки.

Реклама

Ставете ги зачините, истурете вода до половина од тенџерето и оставете се да врие на тивко еден час. Ако сакате луто, задолжително зачинете го ова јадење со лути пиперки.

Откако убаво ќе се свари се, состојките ќе се соединат , се ќе стане сочно и убаво. Доколку има потреба дотурете вода и варете подолго време за месото убаво да свари или сварете го претходно посебно.

Реклама

Уживајте!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -