Вкусна домашна пита со пудинг и компот од праски – Неодоливо слатко задоволство!

Вреди да се проба:

Направете превкусна домашна слатка пита за чија подготовка ќе искористите компот и пудинг. Ако случајно не сте љубител на праски, слободно искористете компот по ваш избор…

Состојки:

  • 400 г компот од праски (малку исцедени од сокот и грубо исечкани) (состојки за фил)
  • 1 кесиче пудинг од ва
  • 3 лажици шеќер
  • 200 мл слатка павлака
  • 250 мл млеко
  • 300 г брашно (состојки за тесто)
  • 80 г шеќер
  • 1 кутивче ванила кристали
  • прстофат сол
  • 100 мл масло за готвење
  • 100 мл млеко
  • 150 г несолена урда
  • 1 пакетче прашок за пециво
  • малку млеко за премачкување
  • по желба крупен шеќер (перла шеќер) или грубо столчени коцки шеќер

Подготовка:

Во дел од млекото измешајте го прашокот за пудинг и шеќерот, внимавајчи да не останат грутчиња. Остатокот од млекото и павлаката зовријте ги, а потоа на вообичаен начин сварете густ пудинг. Откако ќе се згусне, пудингот прекријте го со најлонска фолија за да не се направи коричка додека целосно да се олади.

- Advertisement -

Сите состојки замесете ги во нежно тесто. Одвојте третина од тестото и оставете го за горната кора, а од поголемото тесто, рассукајте кора со пречник околу 28-30 см. Префрлете ја преку ниска тава со пречник 26 см.

Преку ова тесто ставете го пудингот оставајќи по 1-2 см по рабовите без фил, преку него додадете ги праските, па на крајот претходно рассуканата горна кора. Рабовите од долната кораубаво прицврстете ги заедно со оние од горната.

Премачкајте со малку млеко и печете на 175 степени најмногу 40-тина минути во претходно загреана рерна. Пред крајот на печењето, уште еднаш премачкајте со малку млеко и наросете од шеќерот кој сте го избрале.

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!