Балканска фантазија СОГАН ДОЛМА – Вкусно јадење што сите ќе го сакаат…

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Соган долма е многу интересно јадење што долго ќе ви остане во сеќавање. Станува збор за традиционално турско јадење, мусака со главици кромид полнети со јунешко месо.

Називот потекнува од турскиот јазик и значи: Полнет кромид, а во некои предели го нарекуваат и кромидарник.

- Advertisement -

Ова е рецепт за најдобрата сараевска Соган Долма!

Потребни состојки:

  • 6 поголеми главици кромид (600 гр.)
  • 400 грама мелено јунешко месо
  • 150 грама ориз
  • масло
  • сол
  • бибер
  • малку босилек

Состојки за запршка:

  • 2 лажици брашно
  • 2 децилитри сок од домати (доматно пире)
  • 1 лажичка мелен црвен пипер
  • 400 мл кисела павлака
  • сол и бибер
  • 50 мл оцет (1/2 филџан)

Начин на подготовка:

Исчистете ги главиците кромид и потсечете ги врвовите на излупените главици кромид. Ставете ги да се сварат во вода, во која сте додале малку оцет. Внимавајте да не ги преварите.

Потоа процедете ги од топлата вода и прелијте ги со ладна. Главиците кромид мора да бидат ладни кога ќе ги раслојувајте.

Исцедете ги главиците кромид од водата и внимателно извадете ги прстените на кромидот од средината, еден по еден за да останат цели, а внатрешноста на кромидот да остане празна за да може да се наполни.

Исечкајте ги извадените прстени и пржете ги на масло, додајте јунешко месо, сол и бибер по вкус, малку босилек, а кога ќе добијат убава боја, додајте го оризот. Прелијте со вода и пржете уште малку, за да омекне оризот. Смесата треба да биде густа, па затоа не претерувајте со водата.

Излупените главици кромид подредете ги во тепсија и наполнете ги со месо. Се полни поединечно секој прстен, се набива смесата со прсти. Не се полни до врв, бидејќи филот од оризот ќе набубри, па постои опасност прстените кромид да испукаат.

Во мало тавче направете запршка. Пропржете го брашното на малку масло, зачинете со мелен црвен пипер, сол и бибер по вкус, па на крајот додајте го пирето од домати. Ако сакате поредок сос, слободно додајте вода.

Кога запршката ќе проврие, додајте ја павлаката и промешајте. Тргнете ја од оган и прелијте ја преку полнетите главици кромид.

Печете ги во загреана фурна на 200 степени околу 30 минути.

Се сервира со кисело млеко како прилог.

Пријатен апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Домашен леб како од пекара, рецепт од познатиот готвач – крцкав однадвор, внатре мек како душа

Славниот британски пекар и слаткар Пол Холивуд откри рецепт, но и низа совети за најдобар домашен леб, кој е доволно крцкав однадвор, а сепак...

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!