Вкусен старински рецепт – Каша со пилешко месо и лукче!

Ова е стар рецепт што го правеле нашите  прабаби, баби и мајки, со сигурно ќе се присетите на тој добар и незаменлив вкус на штотуку зготвената топла каша.

Превкусната пилешка каша може да се прави погуста или поретка, зависно кој како сака. Во секој случај одичен избор за студените зимски денови.

Потребни состојки:

  • 2 до 3 пилешки гради (или 5 пилешки копани)
  • 150 грама брашно
  • 3-4 чешниња лук
  • сол по потреба

Начин на подготовка:

Пилешките гради или копани најпрво треба да се сварат убаво. Водата во која се варат не фрлајте ја.

Кога ќе биде готово месото, може да го ставите на цели парчиња или да го соситните како пандано месо. Се става во тава на оган и се пропржува со малку брашно, без масло.

Се готви на тивок оган, се додека не добие светло кафеава боја. Потоа се трга од оган и се остава да се олади.

Кога ќе се олади, брашното се меша со малку ладна вода и повторно се става на оган. Се готви на тивко и постепено се додава од пилешката водата, во која претходно е варено пилешкото месо.

Се меша се додека убаво не се соедини за да се добие убава мазна каша. На крај се додава рендано лукче, сол и се меша, а потоа се додаван и месото.

Кашата сервирајте ја со вкусно лепче и поросете ја со свеж магдонос.

Пријатен апетит!