Идеално јадење за посни денови! Совршено јадење за денови без месо – пиперките полнети со компири се ефтино и многу здраво јадење!




Состојки:
- 8 пиперки
- 6 големи компири
- 1 морков
- 2 домати
- 1 кромид
- 1-2 чешниња лук
- масло, сол и бибер
- магдонос, сув зачин




Подготовка:
Исчистете ги пиперките од семето, потоа излупете ги компирите, морковите и кромидот, изрендајте ги и зачинете по вкус. Изблендирајте еден домат во блендер, додадете во смесата, додадете неколку лажици масло и добро измешајте.




Наполнете ја секоја пиперка и наредете ги во плехот за печење – нема потреба да ги затворате, бидејќи компирот нема да истече како оризот во класичните пиперки со месо.




Изблендирајте ги преостанатите домати, а потоа додадете сол, додадете малку шеќер, додадете малку масло и посипете ја оваа мешавина врз пиперките.
Печете на температура од 200 степени околу еден час. За да не горат пиперките, повремено покријте ги со хартија за печење.




Пријатен апетит!