Досега сте пробале различни верзии на слатки и солени мафини од тесто. Но, задолжително пробајте ги мафините со компири и сирење.




Ова е едно од оние јадења што може да се послужат во секоја пригода. Можете да ги послужите како предјадење на некоја прослава, за вечера, но и како прилог со малку месо. Има многу намени, а не ви требаат многу намирници. Направете необични мафини, кои за поголемо задоволство можете да ги послужите со неколку различни сосови.




Состојки:
- 300 гр компири
- 1 кромид
- 70 гр тврдо сирење
Подготовка:




Излупете ги и измијте ги компирите, а потоа изрендајте ги. Кромидот ситно исечкајте го. Прво пропржете го кромидот, а потоа додадете ги компирите. Потоа оставете да се излади.




Потоа додадете зачини по желба и рендано сирење. Со лажица се става во калап за мафини и се пече на 180°C околу 10 минути.