Ви откриваме како да ги направите најмеките кифлички на брз начин!

Вреди да се проба:

Ова е најубавиот рецепт за превкусни кифлички со маргарин, кои се топат во уста. Брзо се приготвуваат, внатре се меки како памук а сепак имаат убава крцкава кора. Едноставно нема да може да им одолеете. 

Овие кифлички може да ги направите и за време на пости доколку користите посен маргарин и да не ги премачкувате со жолчка.

- Advertisement -

СОСТОЈКИ:

  • 1 кг. брашно тип 400
  • 500 мл. вода
  • 40 гр. свеж квасец
  • 20 гр сол
  • 20 гр шеќер
  • 2 лажици масло
  • 250 гр. маргарин
  • 1 жолчка

ПОДГОТОВКА:

Во топла вода се става квасецот со шеќер и се чека да се активира.

Се додава половина од брашното и половина маргарин и се мешаат. Многу е важно маргаринот да биде на собна температура, за полесно да се соедини.

Се додава постепено и целото брашно, сол и се замесува тесто.

Се прелева со масло и се остава 5 минути да впие, па се дели на три дела. Секој се расукува во круг, а од останатиот маргарин се става по една лажица.

На првата кора се става пола од маргаринот кој остана, па се става друго тесто, повторно маргарин и на крај го ставате третото тесто.

Се прави голем круг, се сече на 4 па на 8 дела, па се прават кифлички. Се замотуваат и се премачкуваат со жолчка.

Треба да отстојат да нараснат додека се загрее рерната на 200 степени Целзиусови.

Се печат во плех со хартија, околу 20 минути.

Погледнете го видеото во прилог.

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!