Малку поинаква верзија на омилените ќофтиња по кои лудува целиот свет. Би било идеално да ги сервирате со пире од компири, но слободно експериментирајте и наместо тоа, згответе ориз или тестенини.
Состојки:
- 500 гр мелено месо
- 2 јајца
- 1 рендан кромид
- сол
- мелена лута пиперка
- мелен лук
- бибер
- 2 парчиња леб (претходно потопени во млеко)
- 2 лажици трошки од леб
- свеж магдонос
Состојки за сосот:
- 1 кромид
- 2 лажици брашно
- 200 мл бистра супа
- 2 лажици павлака
- 200 мл крем за готвење
- свеж магдонос
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки за ќофтињата прво со лажица, а потоа со рака. Зачинете по вкус. Направете топчиња и наредете ги на набрашнета чинија. Потоа пржете ги на умерена температура, од сите страни.
Направете го сосот во истата тава каде што сте ги пржеле ќофтињата. Додадете го кромидот, пржете, намалете ја температурата и додадете две лажици брашно, промешајте и потоа додадете ја бистрата супа .
Гответе неколку минути, додадете кисела павлака и крем за готвење. Додадете пиперчиња по желба. Вратете ги пржените ќофтиња и варете ги во сосот околу 10 минути.
На здравје!