Виткани стапчиња: Вкусна закуска со ајвар и сирење!

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Извиткани стапчиња со ајвар и сирење трапист.

Тестото за овие стапчиња е ФЕНОМЕНАЛНО, а рецептот е исклучително прецизен! Тоа е тесто со квасец, но кое не нараснува, т.е. не треба да се чека да порасне, туку веднаш да се започне со подготовка на стапчињата штом ќе се замеси. Како резултат на тоа стапчињата се истовремено меки и прекрасно крцкави однадвор – фантазија, со еден збор.

Ако сакате ајвар, нема ништо што нема да ви се допадне кај овие стапчиња. Само погрижете се да користите некој поквалитетен ајвар, или уште подобро домашен.

Состојки:

- Advertisement -

За тестото:

  • 100 мл млеко
  • 20 g (1/2 коцка) свеж квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 250 гр маргарин
  • 100 гр павлака (20% масленост)
  • 1 јајце
  • 2-3 лажички сол
  • 700 гр остро брашно

За полнење:

  • 6-7 лажици ајвар
  • 80 гр рендано сирење Трапист (или друго)

Повеќе:

  • 1 јајце за премачкување
  • сусам за посипување

Подготовка:

Измерете 700 гр брашно. Млекото загрејте го во микробранова печка или во тавче на шпорет да се загрее (не премногу), потоа додадете го квасецот и шеќерот и измешајте убаво да се раствори. Додадете 3-4 лажици брашно од вкупната количина бидејќи брашното помага за побрзо активирање на квасецот. Оставете да нарасне околу 10 минути.

Во меѓувреме, во поголем пластичен сад измешајте ги со вилушка маргаринот, павлаката, јајцето и солта на собна температура. Додадете го преостанатиот квасец и околу половина од брашното и убаво измешајте со лажица.

Потоа додадете ја преостанатата количина брашно и со рака замесете мазно тесто. Ќе добиете супер тесто кое не се лепи за раце, па нема да има потреба да додавате повеќе брашно. Работната површина веднаш посипете ја со брашно и ова тесто поделете го на 2 еднакви дела.

Со сукало развлечете ги двете теста во квадрат со димензии 35 × 35 cm, со дебелина од околу 4-5 mm. Првиот квадрат од тестото рамномерно премачкајте го со ајвар и изрендајте трапист сирење. Сега внимателно покријте го со уште еден квадрат тесто.

Нежно притиснете го ова тесто со прстите за да не остане воздух помеѓу, па земете тркалезен секач за тесто и исечете ленти широки 1-1,5 cm, а потоа хоризонтално на половина за да добиете пократки стапчиња со иста големина.

Подгответе два плехови и обложете ги со хартија за печење. Земете по една лента тесто и завиткајте го во спирала со рацете и свиткајте го во плех за печење. Кога ќе завршите со извртување на лентите во спирални стапчиња, премачкајте ги со јајце и посипете ги со сусам. Се пече во загреана рерна на 200 степени, околу 20-25 минути. Стапчињата се најдобри свежи, но одлични се и следниот ден.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...

ПОХУВАНИ МАСЛИНКИ: Необично посно мезе ќе биде хит на трпезата!

Ви предлагаме да додадете посно мезе што освојува од првиот залак. Невообичаено и интересно мезе е секогаш добар начин да се покажете како одлична домаќинка....
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!