Реклама
Ова јадење од југот на Франција е вид на пире од компири.




Можете да го јадете како прилог со малку месо, но и како вкусна и брза вечера. Французите обично го подготвуваат ова јадење со неколку видови сирење, но можете да користите само еден.
Реклама
Состојки:
- 1 кг компири
- 200 гр сирење (по избор, а може да измешате два вида)
- 200 мл павлака за готвење
- 2 чешниња лук
- 30 гр путер
- сол, бибер
Подготовка:




Исечете ги компирите на коцки и варете. Додадете сол. Изрендајте го сирењето. Во друга тава растопете голема коцка путер со павлака и цели чешниња лук. Гответе додека не зоврие.




Изгмечете ги компирите со вилушка. Додадете го сирењето и соединете. Потоа извадете го лукот од крем сосот за готвење и додадете го во компирот, биберот. Добро соединете да добиете густа мазна смеса. Послужете.
Реклама




Пријатно!