Направете вкусен, богат ручек, кој ќе го собере целото семјство на едно место!




Состојки:
- 300 гр мелено мисиркино месо
- 300 гр мелено јагнешко месо
- 4 лажици трошки од леб
- 40 гр рендан кашкавал
- 1 лажица сецкан рузмарин
- нотка на морско оревче
- 2 чешниња лук
- 1 кромид
- 1 јајце
- 3 тврдо варени јајца
- 200 гр сланина
- 500 гр свеж спанаќ
- сол, бибер
- масло




Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 ° С. Во сад измешајте го месото со трошки од леб, кашкавал, рузмарин, морско оревче, мелен лук, ситно исечен кромид и јајце. Додадете сол и бибер. Добро промешајте и ставете на работна површина обложена со хартија за печење. Од смесата развлечете правоаголник со дебелина од 1,5 см.
Излупете ги јајцата и исечете ги на поголеми парчиња. Исечете ја сланината на коцки. Спанаќот кој претходно сте го запржиле премачкајте го преку месото.
Ставете ги јајцата и сланината одозгора врз спанаќот и превртете го месото. Измазнете со влажни раце и обликувајте ролат од наполнетата смесата.




Месото премачкајте го со масло, ставете го на плех за печење и печете околу 30 минути. Извадете го од рерна и оставете да отстои околу 15 минути. Се сече на кружни парчиња.




Добар апетит!