Велигденска лешник торта со извонреден вкус која нема да ве остави рамнодушни

Вреди да се проба:

Реклама

Во пресрет на Велигденските празници подгответе вкусна и декоративна торта која ќе ги освои гостите со својот неодолив вкус.

Состојки:

За пандишпан:

Реклама
  • 6 јајца,
  • 7 лажици шеќер,
  • 7 лажици брашно,
  • 1 пакетче прашак за печиво,
  • 1 ванилин шеќер,
  • 1 рака за готвење чоколадни трошки.

За крем:

  • 2 жолчки,
  • 2 бр. пудинг од чоколадо,
  • 6 лажици шеќер,
  • 500 мл. млеко,
  • 100 гр. мелени лешници,
  • 400 гр. еурокрем (било кој може и мешано бело- црн)
  • 200 гр. павлака,
  • 150 гр. путер,
  • 1/2 павлака (за шлагот).

Начин на подготовка:

За пандишпанот, одвојте ги белките од жолчките. Изматете ги жолчките со шеќерот и ванилата додека не станат пенасти, па постепено додавајте го прашакот за печиво.

Реклама

Изматете ги белките во цврст снег. На крајот додадете ги во нив чоколадните трошки.

Ставете ја смесата во калап за торта прекриен со хартија за печење, а страните од калапот намаслете и побрашнете ги. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.

Печениот пандишпан малку изладете го и извадете го од калапот. Одвојте ја од него хартијата за печење.

- Advertisement -

Изладениот пандишпан исечете го на три еднакви делови.

За подготовка на кремот, изматете ги жолчките и шеќерот, додадете го прашакот за пудинг и околу 100 мл. млеко кое сте го земале од предвидените 500 мл.

Остатокот од млекото, сварете го и додадете го прашакот за пудинг. Варете го додека не се згусне пудингот, потоа извадете го од рингла да се излади, постојано мешајќи го за да не се создаде коричка на врвот.

Во разладениот пудинг, со миксер измешајте го еурокремот, павлаката, мелените лешници и стопениот путер.

Кремот за шлаг со миксер изматете го посебно.

Ставете еден дел од панишпанот натопен со малку млеко, потоа намачкајте го прво со крем, а потоа додадете 1/3 од кремот за шлаг. Потоа повторете ја постпката и со останатите две парчиња пандишпан.

Оставете малку шлаг за премачкување на тортата.

Врз премачканата торта со шлаг, наредете шарени декоративни бонбони во форма на јајца, зајачиња…

Пријатен апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -