Велешка пита пастрмајлија подготвена на традиционален начин

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Прочуениот специјалитет за традиционална велешка пита пастрмајлија се подготвува со пастрма. Се припрема со мешавина од свинско и сушено овчо солено месо наречено пастрма, а одозгора се полева со јајца. Во Велес овој специјалитет се прави од 1862 година или точно 159 години. 

Парчето сушено овчо месо што се става во велешката пастрмајлија, подготвена според традиционалниот рецепт, ја прави уникатна а печењето во фурна на дрва и дава посебен вкус.

Според постарите мајстори на пастрмајлии во Велес Пастрмајлија мајсторијата започнува уште со замесувањето и развлекувањето на тестото.

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 250 мл вода
  • 5 лажици зејтин
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажички сол
  • 1 квасец
  • 500 грама свинско месо (ситно сецкано на коцки )
  • 100 грама пастрма
  • 4 јајца
  • свинска маст
  • мелен црвен пипер
  • црн бибер
- Advertisement -

* Состојките се за две големи пастрмајлии.

Подготовка:

Ден претходно свинското месо треба да се подготви, се сече на ситни коцки и се зачинува. Во сад се истура ситно сецканото месо, се додава сол, црн бибер и мелен црвен пипер и убаво се меша. Вака подготвеното месо се остава да преноќи на ладно.

Следниот ден се замесува тестото. Квасецот се меша со малку топла вода, една лажичка шеќер и малку брашно и се остава да нарасне. Во длабок сад се сее брашното и во него се додава надојдениот квасец, една лажичка сол и топла вода. Се замесува меко тесто и се остава да нарасне околу 1 час.

Потоа тестото се премесува и се дели на два еднакви дела. Се формираат топчиња и се оставаат уште десетина минути да нараснат.

Од топчињата тесто, се развлекува пита. По краевите од питата се оформува венец. Сушеното овчо месо, т.е. пастрмата се сече на поситни коцки од свинското месо. Тестото се премачкува со свинска маст и во средината врз питата се реди претходно подготвеното свинско месо заедно со ситно сецканата пастрма.

Се пече во загреана фурна на 250 степени. Штом ќе поминат седум минути, кога малку ќе се запече питата се вади од фурна.

Во меѓувреме се матат јајцата со виљушка и се полеваат врз питата, а венецот се премачкува со маст. Питата се враќа во фурна да се допече уште три до четири минути.

Откако ќе се испече, се вади од фурна пастрмајлијата и се премачкува со свинска маст, се завиткува во хартија и во чаршав и се остава да омекне.

Питата се служи додека е топла. Може да се сервира со туршија или кисела зелка.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...

ПОХУВАНИ МАСЛИНКИ: Необично посно мезе ќе биде хит на трпезата!

Ви предлагаме да додадете посно мезе што освојува од првиот залак. Невообичаено и интересно мезе е секогаш добар начин да се покажете како одлична домаќинка....
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!