ВАНИЛА ПИТА, пита со ванила од готови кори: Крцкава однадвор, а мека одвнатре ќе мириса целата куќа!

Вреди да се проба:

Реклама

Едноставно превкусно, мора да пробате. 

Состојки:

Реклама
  • 12 кора
  • 3 пудинзи од ванила
  • 1л млеко
  • 3 белки
  • 3 жолчки
  • 4 лажици шеќер
  • 200 мл масло
  • 100 гр гриз
  • 1 прашок за пециво
  • 200 мл јогурт
  • 1 ванила

Подготовка:

Подгответе го преливот за кората со соединување на измешаните јајца, маслото, гризот, јогуртот, ванилата и прашокот за пециво. Растворете го пудингот во 200мл млеко и соединете го со 800мл врело млеко. Варете додека не се згусне.

Направете ја питата по принципот 3 кори, на секоја кора прелив, додека пудингот ќе го ставите преку третата и завиткајте во ролат. Повторете ја постапката додека има материјал. Печете на 180 степени 25-30 минути.

Реклама

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -