Вака се прави највкусното МЕСО ВО ТЕГЛА: Многу кревко и вкусно!

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Еве како да направите селско месо, гулаш, компир манџа на брз и едноставен начин за само 20 минути. Ова е наједноставниот рецепт со месо од тегла. Тое е толку вкусно што нема да може да одолеете и може веднаш да го јадете директно од тегла.

Ако веќе сте направиле, познат ви е неговиот вкус, а доколку сè уште не сте го пробале, следната пригода направете го и нема да зажалите.

- Advertisement -

Овој рецепт е многу лесен и сугурен начин за чување на месото. Најдобро од сè е што не мора да го чувате во фрижидер. Поточно станува збор за еден стар начин на конзервирање на месото.

Состојки:

  • 2 кг свински бут
  • 2 кг свинска плешка
  • 800 гр. свежа сланина (100 гр. по тегла)
  • 2 супени лажици сол
  • ловоров лист по желба
  • црн бибер во зрно по желба

*Дадената количина е за 8 тегли (од 700 мл).

Начин на подготовка:

Месото исечете го на коцки со големина од 5-6 см. Сланината исечкајте ја колку можете поситно, на ситни коцкички. Месото може да го зачините само со сол и убаво да го измешате со раце. Потоа полнете ги теглите и убаво притискајте го месото за да има што помалку празен простор.

Одозгора ставете малку сечкана сланина, притиснете и оставете да има малку празен прстор, околу еден сантиметар под капакот. Потоа затворете ги добро теглите со метални капачки.

Во длабоко тенџере на дното ставете неколку кујнски крпи или хартија. Во тенџере од 10 литри може да се стават точно 8 тегли од 700 мл. Откако добро ќе го обложите дното на тенџерето, истото сторете го и со теглите. Секоја тегла завиткајте ја во хартија или крпа. Фукнкцијата на ова завиткување на теглите е да се спречи нивно допирање и кршење кога ќе врие водата.

Наполнете го тенџерето со вода која ќе допира до капачките. Загревајте на умерена температура, а откако ќе зоврие водата, теглите варете ги уште 2,5 часа.На приближно 15-тина минути мора да го дополнувате тенџерето со врела вода, како што таа ќе испарува.

Кога ќе завршите со варењето (после 2,5 часа), не ги вадете веднаш теглите од тенџерето, туку оставете ги внатре додека целосно да се оладат до собна температура.

Сочно е, меко и се топи во уста, едноставно нешто највкусно што сте пробале!

Суштината е во тоа што со варењето без вода во теглите, самото месо си испушта сопствени сокови кои се претвораат во желатин. Сите хранливи состојки остануваат внатре, бидејќи месото не се смрзнува. Кое јадење и да го направите со ова месо, тоа станува превкусно, токму поради овој желатин.

Предност е тоа што месото не се замрзнува, туку се вари без вода, само во сопствените сокови, а како резултат на тоа се создава желатин кој дава феноменален вкус. Може да се комбинира со сè и сешто.

Вака подготвеното месо е одлично за брза подготовка на јадењата!

Затоа наместо да го замрзнувате месото во фрижидер, чувајте го во тегли на овој начин. Јадењата приготвени со него се превкусни, но и многу брзи за подготовка. Месото се додава 10-тина минути пред крајот.

Еве две варијанти како да подготвите месо кое може да го користите за готвени јадења:

1. Месо за гулаш

Доколку месото сакате да го користите за гулаш, може да ставите 550 г сечкано месо без сол и само да го зачините со готова сува мешавина за гулаш.

Добро измешајте го месото со раце за да го впие зачинот рамномерно и повторете ја постапката. Добро притиснете го во теглата, одозгора ставете ситно сечкана сланина и затворете со метален капак. Добро би било на капакот да си запишете какво е месото.

2. Месо за компир манџа 

Трета варијанта, за компир “паприкаш” манџа: ставете 500-550 г сечкано месо без сол и зачинете го со готов зачин – мешавина за “компир манџа”.

Постапката е подеднакво иста: се меша убаво месото, се складира во теглата, одозгора се става сланина и добро се затвора. Врз капакот обележете со знак, за да можете подоцна да ги разликувате теглите и да знаете во која тегла каков зачин имате ставено.

- Advertisement -

Последни рецепти

Домашен леб како од пекара, рецепт од познатиот готвач – крцкав однадвор, внатре мек како душа

Славниот британски пекар и слаткар Пол Холивуд откри рецепт, но и низа совети за најдобар домашен леб, кој е доволно крцкав однадвор, а сепак...

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!