Реклама
Ако барате нови идеи за ручек, овој рецепт е за вас. Направете вистински медитерански ручек и уживајте во секој залак!




Состојки:
- 6 пиперки
- 360 гр туна
- 250 мл грчки јогурт
- лажица сенф
- 1 млад кромид
- сок од половина лимон
- 80 гр кикирики
- сол и бибер
- 50 гр сирење
Подготовка:




Земете ги пиперките, исечете ги на половина, ставете ги во плех и печете во рерна на 220 степени околу 20 минути. За тоа време, направете го полнењето.
Реклама




Измешајте туна, грчки јогурт, сенф, млад кромид, сок од лимон и кикирики. Додадете сол и бибер по вкус. Сега малку запечените пиперки, наполнете ги одозгора со полнењето кое го спремивте, на крај додадете рендано сирење и печете уште 5 минути на 220 степени.




Пријатно!